13 - 24 рецепти од 60 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | 4 | ... | >> | 5 |
Домашни грицки >
Сосотојки:
1 филџан масло за јадење
1 филџан вода
брашно
пециво
ким, афион, црвен пипер, сусам, сол
Упатства:
Од маслото, водата пецивото и брашното се замесува тврдо тесто. Тестото се дели на 4 еднакви делови. Во едниот дел се додава ким, во другиот афион, во третиот сусам а четвртиот се меша со малку црвен пипер. Од секој дел се формираат стапчиња кои потоа се сечат на мали коцкички. Коцкичките се редат во плех обложен со хартија за печење. Пред да се стават за печење се посолуваат по желба. За време на печењето треба да се превтрат за да поруменат убаво од двете страни.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашни соленки кои се прават за 10 минути >
Сосотојки:
• 250 гр брашно
• 250 гр пченкарно брашно
• 125 гр путер или маргарин
• 125 мл млеко
• 2 јајца
• 1 сув квасец
• 1 лажичка сол
• ? лажичка шеќер
• 1 белка
• семки по избор (сусам, ленено семе, црно семе, ким)
Упатства:
Сите состојки освен семките помешајте ги заедно. Замесете тесто и на набрашнета површина исукајте го во правоаголна форма. Исечете ленти и премачкајте ги со белка па ставете од семките по ваш избор.
Ставете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги во загреана рерна на темература од 160°Ц 15 минути.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Еџе - арапски вегетаријански плескавици >
Сосотојки:
10-15 млади кромитчиња сосе зелениот дел
3 јајца
половина китка магдонос
три големи лажици брашно
една лажица масло за говење
по желба се додава и ситно сечкан копар и рузмарин, а може и малку сечкано лукче.
Упатства:
Кромидот се сечка поситно, се додаваат трите јајца, брашното, магдоносот и маслото за готвење, копарот, рузмаринот и лукчето. Смесата убаво се замешува, а по потреба се додава уште малку брашно. Во тава се загрева масло за готвење, па откако ќе се загрее убаво со лажица се става малку од смесата и ептен малку се стиска озгора за да се формира плескавица. Се пржи по 1-2 минути од двете страни и се служи со павлака или сирење.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Затворена пица во тава >
Сосотојки:
250 гр брашно
3 супени лажици зејтин
8-10 гр пециво
130 мл вода
Половина кафена шолја сол
100 гр кашкавал
5 парчиња шунка или сланина
Упатства:
Замесете го тестото: Исипете 250 гр брашно во сад и додадете ги пецивото, зејтинот и солта. Додадете вода и замесете меко тесто. Поделете го тестото на 2 дела и секој дел обликувајте го во тенок слој. Врз првата кора поставете ги тенките парчиња шунка или сланина. Потоа одозгора покријте со кашкавалот. На крај покријте со вториот слој на тесто и завтикајте ги краевите. Загрејте ја тавата на слаб оган, премачкана со путер или масло. Додадете ја затворената пица и гответе под затворен капак 5-6 минути, додека кората да добие златна боја. Со помош на чинија свртете ја пицата од другата страна и оставете ја да се пече уште 5-6 минути.
Пријатен апетит!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Зимска мешана салата >
Сосотојки:
2 кг. краставички (корнишони)
2 кг. морков
2 кг. карфоил
2 кг. зелка
2 кг. зелени домати
2 кг. црвени пиперки (капија)
За пресол:
250 гр. бел оцет
1 л. вода
1 л. зејтин
400 гр. едра сол
1 кг. шеќер
Бибер во зрна
Упатства:
Краставичките, морковот, пиперките и доматите се сечкаат на тенки кругови, зелката ситно се ренда, а карфиолот се одвојува на ситни парчиња. Овие состојки се редат во подлабок сад по редослед: моркови, домати, карфиол, зелка, краставички и пиперки.
Пресол: оцетот, водата, зејтинот, шеќерот и јадрата сол се ставаат во тенџере на оган да зовријат. Откако ќе зоврие смесата со неа веднаш се попаруваат претходно наредените состојки за зимница. Попарената зимница се остава да отстои 24 часа, а потоа се ставаат 2 пакетчиња бибер во зрна и целата смеса убаво се промешува. Се собира во стаклени тегли кои треба да бидат убаво затворени.
Време потребно за подготовка: 240 минути
<< Сокриј го рецептот
Имунитет салата >
Сосотојки:
- 1 кгр. цвекло
- 1 кгр. моркови
- 1 кгр. целер
- 1 кгр. јаболка
- 1 кгр. лимони
- 1 кгр. мед
Упатства:
Цвеклото, морковот и целерот се лупат. Јаболката се користат со лушпа, претходно добро измиени. Лимонот се чува во сода бикарбона и исто така се користи со лушпа. Сите производи се мелат во машина за месо, или во соковник. Смесата се прелива со мед, добро се меша и се става во тегли, или во пластични садови.
Бидејќи се добива голема количина добро е да се замрзне, за да не се расипе.
Секое утро се јадат по две супени лажици. Се подобрува крвната слика, проверено.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
ИНТЕГРАЛНИ ГРИСИНИ >
Сосотојки:
1 килограм интегрално брашно
1 омекнат путер
150 милилитри масло
250 милилитри вода
1 прашак за пециво
1 лажичка сол
сусам (и други семиња по желба)
Упатства:
Се замесува тесто од сите состојки, се вадат форми по желба и се печат на 200 степени 15-20 минути, зависно од големината.
Супер се за со пивце.
Follow me_mother_of_three on Instagram
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Јуфки >
Сосотојки:
5 кrр. брашно
30 јајца
1 литар млеко
сол
Упатства:
Ставете го на даска за месење брашното, направете вдлабнатина, ставете малку сол, искршете ги јајцата и замесете тесто додавајќи по малку млеко да биде како за секоја пита. Измесете го убаво, зашто од тоа зависи како ќе се сукаат јуфките. Покријте го тестото со влажна салветка да не се суши. Оставете го да се oдмори 1 час. Потоа кинете кравајчиња и сукајте ги колку штo може потенко. Корите треба да се сушат на чисти чаршави на провев. Од кога ќе почнат корите да пукаат сами,соберете ги во платнена вреќа и оставете ги на суво место до зима.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Калцоне (затворена пица) >
Сосотојки:
(за тесто):
900 гр брашно
30 гр квасец
2 шолји вода
30 гр сол
1 лажичка шеќер
(за фил):
1/2 шолја маслиново масло
3 калапи моцарела (или друго сирење)
500 мл доматен сос
500 гр шунка
Упатства:
Ставете го квасецот во топла вода и оставете го да стаса. Во сад ставете го брашното и додавајте ги водата, солта и шеќерот. Од смесата направете тесто. Тестото поделете го на 6 топчиња и секое топче месете го додека не биде еластично и меко. Оставете тестото да нарасне 1 час.
Секое топче развлечете го со сукало и направете го во тркалезен облик.
На тестото, во средината ставете малку доматен сос. Врз доматниот сос, ставете неколку парчиња моцарела и врз неа, ставете неколку парчиња шунка. Целиот фил треба да го редите во средината на тестото за пица.
Потоа, горниот дел од пицата преклопете го во вид на полумесечина и со прсти убаво прицврстете ги двата краеви за да не падне филот при печењето. Ако сте вешти, може да го направите како краевите од зелник.
На крај, ставете малку доматен сос врз пицата. Готовите пици печете ги 250 целзиусови степени додека тестото не добие златно-кафена боја.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Карамел крем >
Сосотојки:
шеќер - 200 гр
павлака - 200 мл
масло - 30 гр
ванила - 3 пакетчиња
сол - 1 прстофат
Упатства:
Во длабок сад со дебело дно загрејте го шеќерот додека не се формира карамел. Ставете ја павлаката и оставете ја да зоврие.
Додадете ванила, масло и сол. Гответе го кремот на тивок оган додека не се добие хомогена и мазна смеса.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Карамелизирани пуканки >
Сосотојки:
100 гр. царевка за пуканки
100 гр. јаворов сируп
100 гр. мед
150 гр. смеѓ шеќер
180 мл. млеко
30 гр. путер
1 лажица екстракт од ванила
? лажица сода бикарбона
Упатства:
Измешајте ги: јаворовиот сируп, медот, шеќерот, млекото, ванилата и путерот и ставете ги на тивок оган. Не е потребно да мешате без престан, но мешајте често. Варете додека смесата не добие боја на карамел и додека не почувствувате дека почнала да се згуснува. Смесата доста се пени додека се вари, па можете за момент да ја тргнете од оган за да ја проверите густината.
Тргнете го карамелот од оган и додадете соса бикарбона. Смесата ќе се запени и осветли.
Карамелот ставете го во садот со направените пуканки. Истресете ги на плех обложен со хартија за печење и раширете ги колку што можете. Ставете ги во плех и од 8-10 минути ставете ги во загреана рерна на 180 степени. Оставете ги да се изладат и исушат на воздух.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Качамак >
Сосотојки:
3 грста пченкарно брашно
2 лажици масло
jorypт
сол
Упатства:
Зовријте вода во длабок сад oд два литра, пoсолете ја и дoдајте 1-2 лажици маслo. Сo дршка oд лажица измерете кoлку вода имате, па според тoа ставете толку грста пченкарно брашно. Кoга ќе зoврие водата, внимателнo ставете гo брашнотo врз водата и на крај со дршка од дрвена лажица направете дупки на две-три места. Оставете го бакарданот да врие подолго време на тивок oган. Кoга вoдата ќе изврие наполу, иставете гo бакарданoт од oгнот, измешајте го добрo со дрвена лажица и пoпарете го со врелo масло. Извадете гo во чинија и посипете го со oвчо сирење.
Служете го со јoryрт.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот