25 - 36 рецепти од 60 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |
Кечап >
Сосотојки:
5 кгр. домати
125 гp. винска киселина
125 гр. масло
125 гр. шекер
4-5 гранчиња керевис
1 главица лук
1/2 кесички црн пипер
4 дафинови листа
сол по вкус
Упатства:
Доматите измијте ги и сомелете ги на машина. Варете ги 1 час, а потоа додадете ги oцетот, маслото, шекерот, сецканиот керевис, сецканиот лук, црниот пипер, дафиновиот лист и посолете, а потоа варете гo кечапот уште 2 часа. Сипете го во тoлли тетли или шишиња, завиткајте ги во топло и оставете ги до утредента да се оладат кога ќе ги ставите кај останатата зимница.
Време потребно за подготовка: 360 минути
<< Сокриј го рецептот
Коктел со чоколадо и нескафе >
Сосотојки:
7 гр нескафе (растопено во 30 мл топла вода)
75 гр темно чоколадо (грубо исечкано)
75 гр путер
2 јајца (одвоени белки и жолчки)
? лажичка екстракт од ванила
65 гр шеќер (плус ? лажичка за шлагот)
150 мл слатка павлака
1 лажичка бејлис ликер
неколку бадеми (за декорација)
Упатства:
1. Во сад со средна големина измешајте го распопеното кафе, чоколадото и путерот . На тивок оган мешајте неколку минути за да добиете фина смеса.
2. Во друга чинија измешајте ја жолчката, екстрактот од ванила и шеќерот. Додадете ? лажичка ладна вода. Гответе на пареа додека смесата не се соедини.
3. Со миксер изматете ја белката со шеќерот (? лажица) и додадете ја во смесата која уште е на пареа. Продолжете да мешате уште минута две. Потоа оставете ја добро да се олади.
4. Потешкиот дел од работата е готов. Ви преостанува само добро да ги измешате двете смеси и да направите прелив од павлаката и ликерот Бејлис.
5. Коктелот е готов. Послужете го во убава чаша. Прво ставете чоколадна смеса, а одозгора од белиот прелив. Декорирајте со парченца бадеми.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Компот од праски >
Сосотојки:
5 кгр. праски
шеќер
вoдa
Упатства:
Праските треба да се есенски бидејќи коската убаво се одвојува од плодот. Измијте ги праските, излупете ги и расечете ги на резанки. Земете тегли од 1 кгр. измијте ги добро и редете ги праските во нив. Преку праските ставете 4 лажици шеќер, налејте ги со вода и затворете ги со капаци. Секоја тегла завиткајте ја во подебел слој весници и ставете ја во поголем сад каде на дното сте ставиле весници. Наполнете го садот со вода, ставете го на оган и од како ќе почне да врие варете го 20 минути. Утредента вадете ги и оставете ги кај останатата эимница.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Крцкави варени ѓевреци >
Сосотојки:
500-600 гр брашно
300 мл млака вода
малку масло
30 гр квасец
5 лажици шеќер
сусам
Упатства:
Квасецот растворете го во вода, додајте шеќер и кога ќе се раствори додајте брашно. Замесете средно тврдо тесто. Кога ќе биде глатко покријте го да одмори 30 минути.
Растегнете го тестото на дебелина од 1,5 см и вадете поголеми погачици, а потоа од нив со чаша вадете помали. Така добивате исечени ѓевреци. Прекријте со фолија.
Во тенџере ставете шеќер и карамелизирајте го па додајте 1 л вода. Кога ќе зоврие спуштајте ги ѓевреците и гответе ги околу 2 минути.
Вадете ги на крпа на која сте ставиле сусам. Посипете ги со сусам, а потоа наредете ги во плех на кој сте ставиле хартија за печење.
Рерната вклучете ја на 200 степени и печете околу 30 минути.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Кукурек >
Сосотојки:
4 комплета јагнешки цревца со шкембе
масло
буковска црвена сол
сол
Упатства:
Исчистете го шкембето со врела вода и измијте гo убаво. Измијте ги цревцата од надворешна страна добро, а потоа сo стапче превртете ги. И нив измијте ги добро и исечете ги на парчиња околу 2 М. долги. Исечете го шкембето на долгнавести парчиња во толку броја колку што има цревца. Земете едно парче од шкембето и обмотајте го со црево. Напpaвeтe така и ставето ги вo тавче. Посoлете го, налејте ги со масло, буковска сол, црн пипер и ставете ги во рерна да се печат. Се служат со зелена салата.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Лутеница >
Сосотојки:
7 кгр. црвени пиперки
5 кгр. домати
500 гр. масло
400 гр. оцет
250 гр. шеќер
1 рака сол
2 главици лук
100 гр. фиферони
1 китка магданос
Упатства:
Измијте ги пиперките, извадете го семето и испечете ги. Излупети ги и ставете ги да се цедат. Доматите попарете ги со врела вода и излупете ги, а потоа изрендајде ги во поголем сад. Веднаш ставете го маслото, шеќерот, оцетот, солта и ставете го садот на оган да се вари. Од како ќе почне да врие треба 1,1/2 час да се вари. После тоа додајте ги пиперките кои во меryвреме сте ги исцепкале по должина. Пржете го сето тоа уште 1/2 час. На крај ставете дел од фиферонките сечкани а еден дел цели, магданос, и лукот кој е сечкан по должина. Со ова треба да се пржи уште 10 минути. Врела лутеница се става во толли тегли, се затвора добро се виткаат теглите и се остава да стојат 24 часа а потоа се редат кај останатата зимница.
Време потребно за подготовка: 360 минути
<< Сокриј го рецептот
Љубовна торта >
Сосотојки:
За тесто:
- 10 гускини јајца
- 2 лажици сол
- 18 лажици пченкарно брашно
- 1 лажица сода бикарбона
- 3 лажици сенф
- 2 чаши варова вода
За фил:
- 100 грама шампињони
- 1 главица кромид
- 1 страк праз
- 3 лажици мармалад
- пудинг од ванила
- 150 грама непечени кикиритки
- 1 лажица сало
Упатства:
Се матат јајцата со солта, им се додава брашното, содата, варовата вода и сенфот. Се пече на температура од 100 C.
Ситно се сецкаат празот и кромидот, им се додаваат сецканите шампињони и непечените кикиритки. Се пржат околу 2 часа на силен оган.
Се вари пудинг во 1 литар млеко и се додава сол.
Се соединуваат двата делови од филот.
Тортата се украсува со маслинки и кисели краставички.
Со овој вкусен десерт Ви предлагаме да се напиете 1 чаша јаболков оцет.
АПРИЛИЛИЛИИИИИИИ. Среќен ден на шегата! :)
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Мантии >
Сосотојки:
1 кгр. брашно
2 лажички сол
550 мл. млака вода
Фил:
2 главици кромид
1/2 мелено месо
бибер
сол
200 гр. путер
1 чаша масло
Упатства:
Замесете средно тврдо тесто од брашно, сол и млака вода. Тестото поделете го на 4 дела. Од секој дел направете мазни топчиња. Оставете го тестото да се одмори околу 30 минути во зависност од квалитетот на брашното. Тестото покријте го со крпа.
Од секое топче исучете кора, додека убаво не се истанчи и притоа прскајте ја со масло.Потоа преклопете ја на сите 4 страни да добиете коцка. Преклопете ја прво едната страна, па другата страна и повторно попрскајте со масло. Повторете го истото со третата и четвртата страна.
Добиената коцка исечете ја на ленти, а секоја лента на коцки. На секоја коцка ставете фил. Потоа повлечете го секое ќоше и преклопете го со фил. Така се добива мантија. Повторете ја постапката со останатото тесто.
Наредете ги мантиите во тепсија. Добро преачкајте ги со растопен путер и печете ги на 250 C додека ќе се зацрвенат.
Фил: Испржете две големи главици кромид на малку масло, па додадете половина килограм мелено месо. Додадете сол и бибер, па потоа се убаво измешајте
Доколку сакате да ја дознаете постапката на правење мантии преку слики, испратете mail на glaven.urednik@ringeraja.mk
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Палента со сирење >
Сосотојки:
* 300 г палента
* 1 лажичка сол
* 400 г меко фета сирење
* 4 супени лажици путер
* 1,2 л вода
Упатства:
Ставете ја палентата во зовриена солена вода и повремено мешајте 10 минути.
Варената палента ставете ја на една чинија. Стопете го путерот.
Фета сирењето издробете го и промешајте го во стопениот во путер па додадете го во палентата и се заедно промешајте.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Переци >
Сосотојки:
1. 800гр брашно
2. 1 лажица сув квасец, или околу 40гр свеж квасец
3. Малку шеќер
4. 1 лажица сол
5. 200мл топло млеко
6. 300мл топла вода
7. 100мл зејтин
За премачкување
1 јајце
Солен прелив
3 лажици брашно
1 лажица сол
По потреба студена вода
Упатства:
Во топлото млеко ставете го квасецот, малку шеќер и 2 лажици брашно и оставете 10-тина минути да отстои.
Потоа додадете ги сите состојки освен брашното. Добро измешајте и на крај додавајте го брашното постепено. Замесете средно меко тесто, се додека не се лепи за рацете. Оставете да отстои на топло 30-тина минути.
Кога е тестото готово, направете околу 30 топчиња. Од секое направете лента која ќе ја фатите на краевите, ќе ги споите и ќе го завртите два пати. Сега тој крај ќе го споите како перек. Видете на сликата. Облизи може да се прават по ваш вкус.
Переците ставајте ги на подмачкан плех или обложен со хартија за печење. Кога ќе ги завршите сите, уклучете ја рерната на 250Ц и оставете ги да надојдат додека се загрее рерната. Пред да ги печете премачкајте ги со изметено јајце и печете додека не почнат да поруменувааат.
За тоа време направете го солениот прелив. Треба да биде густ колку тесто за палачинки.
На 5 минути пред да бидат готови, извадете од рерна и прелијте ги со преливот како на цик-цак преку целиот перек. Печете уште малку и готови се.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Пингвини од маслинки >
Сосотојки:
Црни маслинки без коска (поголеми и помали)
Крем сир
Морков исечкан на парчиња
Зелени делови од млад кромид или целер
Чечкалици
Упатства:
За почеток одделете мали и големи маслинки. Малите маслинки ќе ви послужат за главата, а големите за телото.
Големите маслинки наполнете ги со крем сир и расечете ги вертикално за да се гледа сирењето.
На круговите морков исечете им еден триаголник кој ќе ви послужи како нос на пингвините.
Отсечениот дек од морковот ставете го напред, а над нег ставете ја големата маслинка. Над големата маслинка ставете ја малата, на која претходно сте и ставиле нос.Околу вратот на пингвинот заврзете зелено стапче од млад кромид или целер кој ќе претставува шал.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита со праз >
Сосотојки:
500 гр. кори
1 кг. праз
100 гр ориз
масло
сол
бибер
Упатства:
Во тава за пржење ставете масло да се загрее. Кога ке се загрее ставете го ситно исецканиот праз и пропржете додека не омекне. Потоа додате го претходно сварениот ориз (исцеден), зачинете и пропржете 2-3 минути.
Во тава за печење ставете дел од корите, попрскајте ги со масло и нанесете дел од смесата. Постапката повторете ја повеќепати, се додека не ги распоредете целата смеса и корите. Печете во загреана рерна на 250 степени.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот