49 - 60 рецепти од 60 | Страница: | 1 | << | ... | 3 | 4 | 5 |
Слатко од дуњи >
Сосотојки:
1 кг убави зрели дуњи
700 г шеќер
1 чаша вода
Упатства:
Дуњите измијте ги, излупете ги, исчистете ги, исечете ги на парчиња и ставете ги во ладна вода. Во тенџере ставете една чаша вода и шеќерот и варете ги додека шеќерот сосема не се стопи, потоа врз него ставете ги исцедените дуњи и превртувајте ги за да впијат што повеќе сок. Варете ги додека не станат меки, но не смеат да се распаѓаат. Извадете ги внимателно дуњите од сокот и редете ги во тегли, а сокот и натаму варете го, се додека не се згусне како мед. Потоа тенџерето извадете го од ринглата и изладете го, прелијте ги дуњите со сокот. Откако ќе се изладат, затворете ги теглите.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Соини шницли во сос од печурки >
Сосотојки:
100 гр. соини шницли
4 лажици масло
120 гр. кромид
250 гр. шампињони
2 лажици вегета
? лажиче бибер
? лажица куркума
? лажица ѓумбир во прав
150-200 мл. вода
50 гр. кикиритки
Упатства:
Обарете ги шницлите од соја и процедете ги
На масло испржете го исецканиот кромид и печурките исецкани на листови. Додадете малку вегета, бибер, куркума, ѓумбир и налејте околу 50 мл. вода. Пржете околу 5-10 минути.
После тоа во тава ставете ги подготвените соини шницли, излупените кикиритки и преостанатата вегета и 1 лажица густин разматен во малку вода. Налејте ја останатата вода и варете околу 1-2 минути.
Оставете ги шницлите во сосот околу 10 минути и послужете.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Сок од домати >
Сосотојки:
20 кгр. домати
Упатства:
Сомелете ги доматите на специјална машина што ги одделува семките и лушпата. Така сомелени ставете ги да се варат и варете ги 40 минути од како ќе зовријат. По варењетo сипајте ги во претходно загреани шишиња. Секое шише завиткајте гo во весник. Наредете ги шишињата во картонска кутија и завиткајте ги со ќебе за да се ладат постепено. Оставете ги да стојат 24 часа и потоа ставете ги со останатата зимница. Се употребува како додаток за јадења и за припремање на пица. Може да се пие како сок со додаток на сол и црн пипер по вкус.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Сочни компири >
Сосотојки:
- 1 кгр. компири
- 2 моркови исечкани на кругови
- 2 чешниња лук
- 100 гр. домати
- масло
- вегета
- црвена пиперка
- 1 лажица пире од домати
- 250 мл. врела вода
- 300 гр. грашок
- 150 мл. млеко
За одозгора:
- сирење по желба
Упатства:
Во поголемо тенџере загрејте го маслото и испржете го лукот заедно со морковот и доматите. Додајте ги компирите, пирето од домати и зачинете со вегера. Мешајте додека малку се испржи и додадете врела вода. Нека врие околу 15 минути.
Додадете го грашокот па повторно измешајте, додадете го млекото и посолете по желба.
Смесата ставете ја во тава, прекријте ја со фолија и печете во загреана рерна. По 20 минити извадете ја фолијата и ставете рендано сирење.
Печете додека компирите не добијат златно жолта боја.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Топено сирење >
Сосотојки:
400 гр фета сирење
250 гр чадена сланина
400 гр млечен кашкавал
5 лажици доматно пире
5 лажици благо млеко
малку буковец
Упатства:
За добро топено сирење потребна е само добра температура на печење и добро одбрани сирења.
Најпрво релната се вклучува на најсилна температура и додека се загрева се почнува со редење на сирењето. Најдобро е кога се топи во земјен сад, а може и во малечки за секого поединечно.
Најдолу се става фета сирењето. Со виљушка убаво се распределува по целото дно на тавата. Врз него се става 5 лажици благо млеко и 5 лажици доматно пире (или домашна салца, домата). Над нив се реди сланината претходно исечена на коцки и пропржена на малку масло. И врз неа доаѓа рендан кашкавал. Убаво е кашкавалот да е ајдамер или по ваш избор мешан млечен кашкавал. Врз кашкавалот се посолува букова сол и се става на печење. Се пече 15-тина мин и потоа се вклучува опција на релната печење со вентилатор. Се пече уште 5 мин за да се добие златно жолта коричка. Се служи топло со варено вино, топло лепче или фурнаринки.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Тост со Mama`s ајвар >
Сосотојки:
лепчиња за тост
ајвар
салата по желба
Упатства:
Испечете на тостер лепчиња. Ставете салата по Ваша желба и Мама`s ајвар.
Пријатно
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Турска пица >
Сосотојки:
За тесто:
* 350 г пченично брашно тип 550
* 7 г сув квасец
* 1 лажичка сол
* 1 лажичка шеќер
* 200 мл топла вода
* 1 лажица маслиново масло
За фил:
* 1 голем домат (200 г)
* 120 г кромид
* 250 г жолти пиперки
* 250 г мелено говедско месо
* 1/2 лажица вегета пикантна
* 3 лажици маслиново масло
* сол
* бибер
* Ким
* сирење (200 гр)
Упатства:
Од наведените состојки направете меко тесто. Оставете го на топло место околу половина час да нарасне.
На доматот отстранете му ја кожата и исечете го на коцки.
Кромидот исечете го на тенки парчиња, а исто така и пиперките.
Комбинираат состојки се соединуваат со месото а во смесата се додава пикантната вегета, маслиново масло, сол, бибер и Ким.
Поделете го тестото на 4 еднакви делови. На секој дел од тестото ставете рендано сирење и една четвртина од смесата со меленото месо.
Печете ги во претходно загреана рерна на 180 ° C околу 30-35 минути.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Туршија >
Сосотојки:
Пиперчиња врвоинки (последниот род)
Зелени домати
карфиол
моркови
Упатства:
Пиперчињата и доматите ќе се засечат по малку, а карфиолоот ќе се дели на цветови. Морковите да се исчистат, а пoтоа се добро да се измие и да се редат во тегли наизменично од сите наведени зеленчуци. Солилoто се прави на следниот начин:
10 литри вода
20 гр. винобран
10 гр. натриум бензоикум
250 тр. ексенција
400 тр. сол
Сите овие продукти ќе се измешаат и ќе се налијат наредените тегли. Доколку недостасува од течнoста се прави сразмерна мерка од истите состави. Се поврзуваат теглите и се оставаат кај останатата зимница.
Време потребно за подготовка: 240 минути
<< Сокриј го рецептот
Феферони >
Сосотојки:
1 кгр. фиферонки
1/2 кгр. моркови
1 китка магданос
1 главица лук
масло
оцет
Упатства:
Засечете ги дршките и врвчињата на фиферонките, кој се предходно измиени. Запечете ги на огин сосема малку и вадете ги, и ставајте ти веднаш во длабок сад каде сте сипале оцет, провалкајте ги и веднаш вадете ги во друг сад. Морковите сварете ги и исечете ги на тркала. Магданосот и лукот исечкајте ги. По желба редете ти фиферонките во мали или големи тегли. Ставете прво фиферонки потоа моркови, магданос и лук и тоа повторете го додека не се потроши се. Одозгора во секоја тегла ставете по 1 филџан масло, а налејте ја секоја тегла со разблажен оцет во кој ќе ставите сол по вкус. Заврзете ги убаво теглите и оставете ги каде што стои другата зимница.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколаден путер со лешници >
Сосотојки:
200 гр лешници
200 гр чоколадо за готвење
2 лажици мед
Упатства:
Рерната приклучете ја на 200 степени да се загрее.
Лешниците ставете ги на плех за печење и печете ги во рерната не повеќе од 5 минути, колку за да ја ослободат својата арома. Завиткајте ги во чиста крпа и истријте ги од кафеавата лушпа.
Потоа, лешниците ставете ги во блендер и блендирајте ги околу 3 минути, односно додека се претворат во путер.
Чоколадото стопете го на оган, па измешајте го со медот и додајте ги во садот со путерот од лешници. Блендирајте уште малку додека смесата добие изглед на путер. Вака припремениот путер можете да го чувате во фрижидер најдолго 2 недели.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Џем од сливи печен во рерна >
Сосотојки:
Количина по желба
Упатства:
Измијте ги зрелите сливи, извадете им ги коските и наредете ги зависно од количината на сливите во помал или поголем сад.
Вклучете ја рерната на 250 степени и печете околу 20 минути, а потоа намалете на 150 степени. Продолжете ја печете, со повремено мешање, додека џемот не почне да се згуснува, бидејќи при ладење повторно ќе се згусне.
Врелиот џем ставете го во добро измиени и топли тегли, затѕворете ги со оригиналните капачиња и завиткајте ги во ќебе за постепено да се изладат.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Шницли од печурки >
Сосотојки:
200 гр свежи шампињони
4 јајца
2 лажици масло за јадење
сол, бибер, вегета (по желба)
3 парчиња бајат леб
лебни трошки
Упатства:
Измијте ги печурките и исушете ги на кујнска крпа, а потоа исечкајте ги на покрупни парчиња. Во тенџере на оган загрејте го маслото и пропржете ги печурките набрзина. Потоа, во тавче испржете кајгана од три јајца. Во меѓувреме, трите парчиња леб потопете ги во млеко. Потоа, настрана, во еден подлабок сад измешајте ги кајганата и печурките и додајте го лебот на крај. Додајте ги зачините и едното јајце и измешајте убаво, а потоа формирајте шницли со раце. Ставете ги во лебните трошки и пржете во многу врело масло. Послужете ги со убава салата или јогурт.
На здравје!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот