1 - 12 рецепти од 60 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | ... | >> | 5 |
Домашни грицки >
Сосотојки:
1 филџан масло за јадење
1 филџан вода
брашно
пециво
ким, афион, црвен пипер, сусам, сол
Упатства:
Од маслото, водата пецивото и брашното се замесува тврдо тесто. Тестото се дели на 4 еднакви делови. Во едниот дел се додава ким, во другиот афион, во третиот сусам а четвртиот се меша со малку црвен пипер. Од секој дел се формираат стапчиња кои потоа се сечат на мали коцкички. Коцкичките се редат во плех обложен со хартија за печење. Пред да се стават за печење се посолуваат по желба. За време на печењето треба да се превтрат за да поруменат убаво од двете страни.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Сок од домати >
Сосотојки:
20 кгр. домати
Упатства:
Сомелете ги доматите на специјална машина што ги одделува семките и лушпата. Така сомелени ставете ги да се варат и варете ги 40 минути од како ќе зовријат. По варењетo сипајте ги во претходно загреани шишиња. Секое шише завиткајте гo во весник. Наредете ги шишињата во картонска кутија и завиткајте ги со ќебе за да се ладат постепено. Оставете ги да стојат 24 часа и потоа ставете ги со останатата зимница. Се употребува како додаток за јадења и за припремање на пица. Може да се пие како сок со додаток на сол и црн пипер по вкус.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Бабури со Лук >
Сосотојки:
5 кгр. бабури
125 гр. оцет од разблажена ексенција
125 гр. масло
2 китки магданос
6-7 гранчиња керевис
2-3 главици корен од керевис
2 главици лук мелен
Упатства:
Ставете ги бабурите да се варат во врела вода 3 минути. Извадете ги од водата, па потоа извадете ги дршките и семето и оставете ги на сито да се исцедат. Во поголем сад ставете го оцетот, маслото, ситно исецканиот магданос и ситно исецкани гранчиња керевис, лукот и коренот од керевис. Сето ова убаво измешајте го и редете го во тегла на следниот начин: ред бабури, ред од филот и тоа сипајте го со лажица за да биде секоја бабура добро залеана. Завржете ги теглите со пергамент хартија и ставете ги со останатата зимница.
Време потребно за подготовка: 240 минути
<< Сокриј го рецептот
Феферони >
Сосотојки:
1 кгр. фиферонки
1/2 кгр. моркови
1 китка магданос
1 главица лук
масло
оцет
Упатства:
Засечете ги дршките и врвчињата на фиферонките, кој се предходно измиени. Запечете ги на огин сосема малку и вадете ги, и ставајте ти веднаш во длабок сад каде сте сипале оцет, провалкајте ги и веднаш вадете ги во друг сад. Морковите сварете ги и исечете ги на тркала. Магданосот и лукот исечкајте ги. По желба редете ти фиферонките во мали или големи тегли. Ставете прво фиферонки потоа моркови, магданос и лук и тоа повторете го додека не се потроши се. Одозгора во секоја тегла ставете по 1 филџан масло, а налејте ја секоја тегла со разблажен оцет во кој ќе ставите сол по вкус. Заврзете ги убаво теглите и оставете ги каде што стои другата зимница.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Компот од праски >
Сосотојки:
5 кгр. праски
шеќер
вoдa
Упатства:
Праските треба да се есенски бидејќи коската убаво се одвојува од плодот. Измијте ги праските, излупете ги и расечете ги на резанки. Земете тегли од 1 кгр. измијте ги добро и редете ги праските во нив. Преку праските ставете 4 лажици шеќер, налејте ги со вода и затворете ги со капаци. Секоја тегла завиткајте ја во подебел слој весници и ставете ја во поголем сад каде на дното сте ставиле весници. Наполнете го садот со вода, ставете го на оган и од како ќе почне да врие варете го 20 минути. Утредента вадете ги и оставете ги кај останатата эимница.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Качамак >
Сосотојки:
3 грста пченкарно брашно
2 лажици масло
jorypт
сол
Упатства:
Зовријте вода во длабок сад oд два литра, пoсолете ја и дoдајте 1-2 лажици маслo. Сo дршка oд лажица измерете кoлку вода имате, па според тoа ставете толку грста пченкарно брашно. Кoга ќе зoврие водата, внимателнo ставете гo брашнотo врз водата и на крај со дршка од дрвена лажица направете дупки на две-три места. Оставете го бакарданот да врие подолго време на тивок oган. Кoга вoдата ќе изврие наполу, иставете гo бакарданoт од oгнот, измешајте го добрo со дрвена лажица и пoпарете го со врелo масло. Извадете гo во чинија и посипете го со oвчо сирење.
Служете го со јoryрт.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Палента со сирење >
Сосотојки:
* 300 г палента
* 1 лажичка сол
* 400 г меко фета сирење
* 4 супени лажици путер
* 1,2 л вода
Упатства:
Ставете ја палентата во зовриена солена вода и повремено мешајте 10 минути.
Варената палента ставете ја на една чинија. Стопете го путерот.
Фета сирењето издробете го и промешајте го во стопениот во путер па додадете го во палентата и се заедно промешајте.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Виенско топло чоколадо >
Сосотојки:
* 125 г чоколадо со 70% какао маса
* 500 мл минерална вода
* 50 г шеќер во прав
* 25 г какао
За шлаг:
* 150 мл хопла (може и шлаг)
* една лажица шеќер во прав
* какао за декорација
Упатства:
Чоколадото исечкајте го ситно. Во тенџерче ставете ги минералната вода и шеќерот да се загреат. Шеќерот треба да се стопи, но водата никако не смее да зоврие. Додајте го какаото и мешајте додека да зоврие сe. Малку по малку ставајте го чоколадото и почекајте да се стопи. Сето ова правете го на средна температура. Тргнете го тенџерето од оган. Изматете ја хоплата (шлагот) со шеќерот. Кога хоплата ќе биде цврста, тогаш значи дека е готова. Ставете го чоколадото во стаклени чаши. Од горе ставете од шлагот и попрскајте го какао.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Газпачо >
Сосотојки:
- 1 кг црвени домати
- 2 зелени пиперки
- 1 крставица
- 1-2 чешниња лук
- 150 грама лебни трошки
- 6 – 7 супени лажици маслиново масло
- 1-2 супени лажици оцет
- 1/3 литар вода
- Сол
Упатства:
За подготовка на Газпачо, прво потопете ги лебните трошки во вода, измијте ги и исечете ги доматите, пиперките и краставицата. Во миксер ситно исечкајте ги лукот, пиперките и краставицата, додајте ги исцедените трошки и доматите за да се добие убава смеса. Откако ќе се добие хомогена смеса, додајте го маслото и оцетот, потоа процедете низ цедалката и додајте го остатокот од водата. Фрлете ги само семките од краставиците и од доматите. Посолете и ставете го газпачото во ладилник.
Препорака:
Газпачото може да се сервира и со лед, доколку не се стави во ладилник.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Пица за заљубени >
Сосотојки:
- замрзнато лиснато тесто
- 300 гр. чери домати
- 2 лажички масло
- 1 чешне лук
- 1/2 лаж. сол
- 1 лаж. исецкан магдонос
- 150 грама моцарела
- 1 лаж. ливчиња босилек
Упатства:
Исукајте го тестото во големина од тепсија а потоа исечете го во форма на срце.
На тестото ставете ги исечените домати и ставете го да се печи во релна претходно загреана на 210 C. За тоа време измешајте го маслото со толчениот лук, солта и магданосот.
Исечете парчиња моцарела.
Кога ќе ја извадите пицата од рерна, веднаш прелијте ја со подготвеното масло и одозгора ставете ја моцарелата. По желба ставете шунка и печурки. Вратете ја во рерната и печете уште 10 минути.
Добар апетит вљубени!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Сочни компири >
Сосотојки:
- 1 кгр. компири
- 2 моркови исечкани на кругови
- 2 чешниња лук
- 100 гр. домати
- масло
- вегета
- црвена пиперка
- 1 лажица пире од домати
- 250 мл. врела вода
- 300 гр. грашок
- 150 мл. млеко
За одозгора:
- сирење по желба
Упатства:
Во поголемо тенџере загрејте го маслото и испржете го лукот заедно со морковот и доматите. Додајте ги компирите, пирето од домати и зачинете со вегера. Мешајте додека малку се испржи и додадете врела вода. Нека врие околу 15 минути.
Додадете го грашокот па повторно измешајте, додадете го млекото и посолете по желба.
Смесата ставете ја во тава, прекријте ја со фолија и печете во загреана рерна. По 20 минити извадете ја фолијата и ставете рендано сирење.
Печете додека компирите не добијат златно жолта боја.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Еџе - арапски вегетаријански плескавици >
Сосотојки:
10-15 млади кромитчиња сосе зелениот дел
3 јајца
половина китка магдонос
три големи лажици брашно
една лажица масло за говење
по желба се додава и ситно сечкан копар и рузмарин, а може и малку сечкано лукче.
Упатства:
Кромидот се сечка поситно, се додаваат трите јајца, брашното, магдоносот и маслото за готвење, копарот, рузмаринот и лукчето. Смесата убаво се замешува, а по потреба се додава уште малку брашно. Во тава се загрева масло за готвење, па откако ќе се загрее убаво со лажица се става малку од смесата и ептен малку се стиска озгора за да се формира плескавица. Се пржи по 1-2 минути од двете страни и се служи со павлака или сирење.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот