25 - 36 рецепти од 60 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |
Карамел крем >
Сосотојки:
шеќер - 200 гр
павлака - 200 мл
масло - 30 гр
ванила - 3 пакетчиња
сол - 1 прстофат
Упатства:
Во длабок сад со дебело дно загрејте го шеќерот додека не се формира карамел. Ставете ја павлаката и оставете ја да зоврие.
Додадете ванила, масло и сол. Гответе го кремот на тивок оган додека не се добие хомогена и мазна смеса.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Свежи јагоди за во зима >
Сосотојки:
јагоди
шеќер
вода
алкохол
Упатства:
Одберете убави и здрави јагоди. Би било идеално да не се презреани и внмавајте да нема расипани ил оштетени меѓу нив. Сварете ги шеќерот и водата да вријат 3-4 минути. Размерот е 1:1. Оставете да се излади, додека стане топол.
За тоа време јагодите измијте ги во алкохол или ракија, за да ја сочуваат убавата црвена боја. Измиените јагоди наредете ги во тегла и прелијте ги со топлот сируп. Капаците од теглите ставете ги во ракија и затворете ги теглите.
Во голем лонец на дното ставете стара крпа. Ставете ги затворените тегли завткани во весници. Ставете ладна вода во лонецот и варете ги теглите на тивок оган (откако ќе зовријат), околу 10 минути. Оставете ги теглите во водата се додека не се изладат.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Ролат со ајвар >
Сосотојки:
3 јајца
3 лажици брашно
1 прашок за печиво
3 лажици ајвар
100 мл јогурт
250 мл кисела павлака
100 гр шунка
150 гр кашкавал
50 гр печурки
Упатства:
Во длабок сад со миксер изматете ги јајцата со јогуртот. Додадете ги брашното и прашокот за печиво. На крај, ставете го ајварот и убаво измешајте. Смесата претурете ја во тава за печење обложена со харија за печење. Не го печете тестото во тавче од рерна, туку во помало. Печете го во рерна загреана на 230 целзиусови степени, околу 20 минути. Кога ќе биде тестото печено, завитакјте го во влажна кујнска крпа. За тоа време направете го филот мешајќи ги сите состојки предвидени за фил. Кога тестото ќе се олади и омекне, отворете го и премачкајте го со филот. Завиткајте го во ролат и исечете го на парчиња.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Mama`s ајвар со три сирења >
Сосотојки:
MAMA`S ајвар
кашкавал
фета сирење
кравјо сирење
печурки
сланина
1 чешне лук
црн бибер
Упатства:
Трите видови на сирење се ставаат во земјена тава, печурките, сланината и благ или лут Mama`s ајвар. Може да додадете лук и црб бибер за вкус.
Mama`s со 3 сирења е перфектна комбинација со бело вино.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Пингвини од маслинки >
Сосотојки:
Црни маслинки без коска (поголеми и помали)
Крем сир
Морков исечкан на парчиња
Зелени делови од млад кромид или целер
Чечкалици
Упатства:
За почеток одделете мали и големи маслинки. Малите маслинки ќе ви послужат за главата, а големите за телото.
Големите маслинки наполнете ги со крем сир и расечете ги вертикално за да се гледа сирењето.
На круговите морков исечете им еден триаголник кој ќе ви послужи како нос на пингвините.
Отсечениот дек од морковот ставете го напред, а над нег ставете ја големата маслинка. Над големата маслинка ставете ја малата, на која претходно сте и ставиле нос.Околу вратот на пингвинот заврзете зелено стапче од млад кромид или целер кој ќе претставува шал.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Коктел со чоколадо и нескафе >
Сосотојки:
7 гр нескафе (растопено во 30 мл топла вода)
75 гр темно чоколадо (грубо исечкано)
75 гр путер
2 јајца (одвоени белки и жолчки)
? лажичка екстракт од ванила
65 гр шеќер (плус ? лажичка за шлагот)
150 мл слатка павлака
1 лажичка бејлис ликер
неколку бадеми (за декорација)
Упатства:
1. Во сад со средна големина измешајте го распопеното кафе, чоколадото и путерот . На тивок оган мешајте неколку минути за да добиете фина смеса.
2. Во друга чинија измешајте ја жолчката, екстрактот од ванила и шеќерот. Додадете ? лажичка ладна вода. Гответе на пареа додека смесата не се соедини.
3. Со миксер изматете ја белката со шеќерот (? лажица) и додадете ја во смесата која уште е на пареа. Продолжете да мешате уште минута две. Потоа оставете ја добро да се олади.
4. Потешкиот дел од работата е готов. Ви преостанува само добро да ги измешате двете смеси и да направите прелив од павлаката и ликерот Бејлис.
5. Коктелот е готов. Послужете го во убава чаша. Прво ставете чоколадна смеса, а одозгора од белиот прелив. Декорирајте со парченца бадеми.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Постапалки - трчалки >
Сосотојки:
1 кгр. брашно
1 квасец
2 јајца
1/2 литар млеко
1/4 кгр. шеќер
Упатства:
Се меси меко тесто од сите состојки. Се растегнува кора со дебелина од еден прст и се вадат стапалките со модла. Се печат додека не заруменат.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Ачма >
Сосотојки:
една и пол шолја топло млеко
еден свеж квасец
половина шолја топла вода
половина шолја шеќер
една шолја масло
едно јајце (одделно жолчка и белка)
лажиче сол
4-6 шолји брашно
ким, сусам или крупна сол
Упатства:
Водата се става во длабок сад за месење, се додава шеќерот и квасецот и се меша со дрвена лажица. Се кисне квасецот, а потоа се додава млекото, белката од јајце, маслото (околу две третини од шолјата), солта и се меша повторно со дрвена лажица. Се додава брашно за да се замеси малку лепливо но компактно тесто. Се остава да кисне. Со преостанатото масло се мачкаат рацете и се кинат парчиња од тестото од кои се формираат гевречиња (ачми). Се редат во плех на хартија за печење. Со жолчката од јајцето измешана со лажица масло се премачкуваат ачмите и се посипуваат со сусам, ким или крупна сол. Може и да се додаде сирење или маслинки во тестото кога се формираат гевречињата. Се печат во загреана рерна на 200 степени.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Џем од сливи печен во рерна >
Сосотојки:
Количина по желба
Упатства:
Измијте ги зрелите сливи, извадете им ги коските и наредете ги зависно од количината на сливите во помал или поголем сад.
Вклучете ја рерната на 250 степени и печете околу 20 минути, а потоа намалете на 150 степени. Продолжете ја печете, со повремено мешање, додека џемот не почне да се згуснува, бидејќи при ладење повторно ќе се згусне.
Врелиот џем ставете го во добро измиени и топли тегли, затѕворете ги со оригиналните капачиња и завиткајте ги во ќебе за постепено да се изладат.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Слатко од дуњи >
Сосотојки:
1 кг убави зрели дуњи
700 г шеќер
1 чаша вода
Упатства:
Дуњите измијте ги, излупете ги, исчистете ги, исечете ги на парчиња и ставете ги во ладна вода. Во тенџере ставете една чаша вода и шеќерот и варете ги додека шеќерот сосема не се стопи, потоа врз него ставете ги исцедените дуњи и превртувајте ги за да впијат што повеќе сок. Варете ги додека не станат меки, но не смеат да се распаѓаат. Извадете ги внимателно дуњите од сокот и редете ги во тегли, а сокот и натаму варете го, се додека не се згусне како мед. Потоа тенџерето извадете го од ринглата и изладете го, прелијте ги дуњите со сокот. Откако ќе се изладат, затворете ги теглите.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Имунитет салата >
Сосотојки:
- 1 кгр. цвекло
- 1 кгр. моркови
- 1 кгр. целер
- 1 кгр. јаболка
- 1 кгр. лимони
- 1 кгр. мед
Упатства:
Цвеклото, морковот и целерот се лупат. Јаболката се користат со лушпа, претходно добро измиени. Лимонот се чува во сода бикарбона и исто така се користи со лушпа. Сите производи се мелат во машина за месо, или во соковник. Смесата се прелива со мед, добро се меша и се става во тегли, или во пластични садови.
Бидејќи се добива голема количина добро е да се замрзне, за да не се расипе.
Секое утро се јадат по две супени лажици. Се подобрува крвната слика, проверено.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Плескавици од грав >
Сосотојки:
50 грама Презла
4 лажица/ци Масло
100 грама Маслинки
60 грама Мајонез
1 чешниња Лук
80 грама Кашкавал
250 грама Грав
200 грама Брашно
2 Јајца/це
малку Сол
Упатства:
Сварете го гравот убаво, или доколку е од конзерва исцедете го од течноста.
Измешајте јајце во посебен сад.
Испасирајте го убаво да се добие смеса како пире.
Измешајте го со кашкавалот, додете малку сол, 1 јајце и ситно исечкан лук.
Смесата убаво промешајте ја, измесете ја со рацете ако е неопходно и направете плескавици.
Извалајте ги во брашно а потоа веднаш и во изматеното јајце и на крај во презлата. Повторете ја постапката за секое од плескавиците.
Во една тава поставете масна хартија (огноотпорна), поставете ги ќофтињата и полијте ги малку со масло.
Печете ги на 200 степени околу 10-тина минути.
Сецканите маслинки промешајте ги со мајонезот.
По желба полијте ги ќофтињата со смесата од мајонез и маслинки или сервирајте ги одвоено.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот