37 - 48 рецепти од 60 | Страница: | 1 | << | ... | 2 | 3 | 4 | 5 |
Полнети печурки >
Сосотојки:
500 грама свежи шампињони
250 грама свински врат или сланина
200 грама кашкавал
200 грама бело кравјо сирење
соја сос
масло, сол
Упатства:
1.Печурките се чистат со влажна крпа и им се вадат дршките.
2. Сланината и сирењето се сечкаат на многу ситни коцки а кашкавалот на малку поголеми. Сирењето може и да се згмечи со виљушка.
3.Во отворот од печурките прво ставаме малку сол, па ги полниме со сланина и сирење. Одозгора им ставаме по едно кашкавалче.
4.Се ставаат по плех намачкан со масло и се печат во загреана рерна на 220 степени околу 15 минути.
5.Дршките од печурките ситно ги сечкаме и ги пржиме со остатокот од сирењето и сланината.Им додаваме едно лажиче соја сос.
Ова се служи како прилог со печурките.
Многу едноставен и вкусен рецепт.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Пржени тркалца од кромид >
Сосотојки:
1 1/4 сенаменско брашно
1 лажиче пециво
1 лажиче сол
1 јајце
1 шолја млеко
2 главици кромид, исечени на кругови
лебни трошки
1 шолја корнфлекс (по желба)
масло за пржење
Упатства:
Во тенџере за пржење ставете поголемо количество масло да се загрее на средна температура. Во мал сад настрана, измешајте ги брашното, солта и пецивото. Во друг сад настрана помешајте ги јајцето и млекото и смесата претурете ја во брашното. Во просецор измешајте ги лебните трошки и корнфлексот. Тркалцата од кромид натопете ги прво подготвената смеса од брашно и јајцатa, а потоа обложете ги во смесата од лебни трошки и корнфлекс. Пржете ги на многу добро загреано масло додека не поруменат од двете страни.
Многу е важно тенџерето во кое ќе ги пржите тркалцата да не го натрупате со многу тркалца кромид, туку ставете онолку колку што собира тенџерето. Ако ставите многу тркалца кромид, температурата на маслото ќе опадне.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Шницли од печурки >
Сосотојки:
200 гр свежи шампињони
4 јајца
2 лажици масло за јадење
сол, бибер, вегета (по желба)
3 парчиња бајат леб
лебни трошки
Упатства:
Измијте ги печурките и исушете ги на кујнска крпа, а потоа исечкајте ги на покрупни парчиња. Во тенџере на оган загрејте го маслото и пропржете ги печурките набрзина. Потоа, во тавче испржете кајгана од три јајца. Во меѓувреме, трите парчиња леб потопете ги во млеко. Потоа, настрана, во еден подлабок сад измешајте ги кајганата и печурките и додајте го лебот на крај. Додајте ги зачините и едното јајце и измешајте убаво, а потоа формирајте шницли со раце. Ставете ги во лебните трошки и пржете во многу врело масло. Послужете ги со убава салата или јогурт.
На здравје!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Переци >
Сосотојки:
1. 800гр брашно
2. 1 лажица сув квасец, или околу 40гр свеж квасец
3. Малку шеќер
4. 1 лажица сол
5. 200мл топло млеко
6. 300мл топла вода
7. 100мл зејтин
За премачкување
1 јајце
Солен прелив
3 лажици брашно
1 лажица сол
По потреба студена вода
Упатства:
Во топлото млеко ставете го квасецот, малку шеќер и 2 лажици брашно и оставете 10-тина минути да отстои.
Потоа додадете ги сите состојки освен брашното. Добро измешајте и на крај додавајте го брашното постепено. Замесете средно меко тесто, се додека не се лепи за рацете. Оставете да отстои на топло 30-тина минути.
Кога е тестото готово, направете околу 30 топчиња. Од секое направете лента која ќе ја фатите на краевите, ќе ги споите и ќе го завртите два пати. Сега тој крај ќе го споите како перек. Видете на сликата. Облизи може да се прават по ваш вкус.
Переците ставајте ги на подмачкан плех или обложен со хартија за печење. Кога ќе ги завршите сите, уклучете ја рерната на 250Ц и оставете ги да надојдат додека се загрее рерната. Пред да ги печете премачкајте ги со изметено јајце и печете додека не почнат да поруменувааат.
За тоа време направете го солениот прелив. Треба да биде густ колку тесто за палачинки.
На 5 минути пред да бидат готови, извадете од рерна и прелијте ги со преливот како на цик-цак преку целиот перек. Печете уште малку и готови се.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Гратинирани компири >
Сосотојки:
1. 6 големи компири.
2. 1/2 путер.
3. 1 мал кромид сечкан ситно.
4. 1/4 брашно.
5. 1 мала лажичка сол.
6. 2- 1/2 млеко
7. 1 цел рендан кашкавал.
8. 1/2 сенф.
9. Кесичка пармезан
Упатства:
Првенствено, сварете ги компирите, потоа ставете ги во сад со ладна вода за убаво да се оладат. Додека се ладат компирите, во тава стопете го путерот додајте го исечканиот кромид и пржете го се додека не добие златна боја. Потоа додајте го брашното и мешајте ја смесата заедно. Од кога убаво ке се изедначи почнете постепено да го додавате млекото. Сипајте го млекото умерено за да не се направат грутки. Потоа додајте го кашкавалот, по можност да биде рендан или ситно исечкан. Сега додадете ги сенфот и солта и мешајте се додека не добиете еднаква смеса. Кога веќе сте готови со смесата, исечкајте ги компирите на тенки кругови и поставете ги долж тавата. Потоа намачкајте со смесата и повторете го процесот се додека не ја наполните целата тава. Ставете ги гратинираните компири да се печат на температура од 320 степени, од 30-35 минути и потоа извадете. На крај врз веќе испечените гратинирани компири ставете малку кашкавал и наросете ја најодозгора целата кесичка пармезан. Вратете го во рерната уште 5 минути и потоа извадете.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита со праз >
Сосотојки:
500 гр. кори
1 кг. праз
100 гр ориз
масло
сол
бибер
Упатства:
Во тава за пржење ставете масло да се загрее. Кога ке се загрее ставете го ситно исецканиот праз и пропржете додека не омекне. Потоа додате го претходно сварениот ориз (исцеден), зачинете и пропржете 2-3 минути.
Во тава за печење ставете дел од корите, попрскајте ги со масло и нанесете дел од смесата. Постапката повторете ја повеќепати, се додека не ги распоредете целата смеса и корите. Печете во загреана рерна на 250 степени.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Зимска мешана салата >
Сосотојки:
2 кг. краставички (корнишони)
2 кг. морков
2 кг. карфоил
2 кг. зелка
2 кг. зелени домати
2 кг. црвени пиперки (капија)
За пресол:
250 гр. бел оцет
1 л. вода
1 л. зејтин
400 гр. едра сол
1 кг. шеќер
Бибер во зрна
Упатства:
Краставичките, морковот, пиперките и доматите се сечкаат на тенки кругови, зелката ситно се ренда, а карфиолот се одвојува на ситни парчиња. Овие состојки се редат во подлабок сад по редослед: моркови, домати, карфиол, зелка, краставички и пиперки.
Пресол: оцетот, водата, зејтинот, шеќерот и јадрата сол се ставаат во тенџере на оган да зовријат. Откако ќе зоврие смесата со неа веднаш се попаруваат претходно наредените состојки за зимница. Попарената зимница се остава да отстои 24 часа, а потоа се ставаат 2 пакетчиња бибер во зрна и целата смеса убаво се промешува. Се собира во стаклени тегли кои треба да бидат убаво затворени.
Време потребно за подготовка: 240 минути
<< Сокриј го рецептот
Јуфки >
Сосотојки:
5 кrр. брашно
30 јајца
1 литар млеко
сол
Упатства:
Ставете го на даска за месење брашното, направете вдлабнатина, ставете малку сол, искршете ги јајцата и замесете тесто додавајќи по малку млеко да биде како за секоја пита. Измесете го убаво, зашто од тоа зависи како ќе се сукаат јуфките. Покријте го тестото со влажна салветка да не се суши. Оставете го да се oдмори 1 час. Потоа кинете кравајчиња и сукајте ги колку штo може потенко. Корите треба да се сушат на чисти чаршави на провев. Од кога ќе почнат корите да пукаат сами,соберете ги во платнена вреќа и оставете ги на суво место до зима.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Сендвич со цвекло, печурки и спанаќ >
Сосотојки:
2 кришки леб
120 гр сирење
2 лажици путер
2 лажици обарен спанаќ
2 лажици свежи печурки, пржени
2 лажици цвекло од тегла
Упатства:
Спанаќот обарете го во врела и солена вода, додека да омекне. Печурките исечкајте ги и на малку путер испржете ги со зачини. Цвеклото исечкајте го на помали коцки и ставете го во сирењето. Преклопете го сендвичот со другото парче леб. Во тавче за пржење ставете малку путер на ниска температура да се растопи. На растопениот путер ставете го сендвичот да се запече убаво од двете страни. Треба да биде со нежна златна боја, не препржен или препечен. Пред сервирање, исечете го на четвртинки и така топол сервирајте го.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Калцоне (затворена пица) >
Сосотојки:
(за тесто):
900 гр брашно
30 гр квасец
2 шолји вода
30 гр сол
1 лажичка шеќер
(за фил):
1/2 шолја маслиново масло
3 калапи моцарела (или друго сирење)
500 мл доматен сос
500 гр шунка
Упатства:
Ставете го квасецот во топла вода и оставете го да стаса. Во сад ставете го брашното и додавајте ги водата, солта и шеќерот. Од смесата направете тесто. Тестото поделете го на 6 топчиња и секое топче месете го додека не биде еластично и меко. Оставете тестото да нарасне 1 час.
Секое топче развлечете го со сукало и направете го во тркалезен облик.
На тестото, во средината ставете малку доматен сос. Врз доматниот сос, ставете неколку парчиња моцарела и врз неа, ставете неколку парчиња шунка. Целиот фил треба да го редите во средината на тестото за пица.
Потоа, горниот дел од пицата преклопете го во вид на полумесечина и со прсти убаво прицврстете ги двата краеви за да не падне филот при печењето. Ако сте вешти, може да го направите како краевите од зелник.
На крај, ставете малку доматен сос врз пицата. Готовите пици печете ги 250 целзиусови степени додека тестото не добие златно-кафена боја.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Туршија >
Сосотојки:
Пиперчиња врвоинки (последниот род)
Зелени домати
карфиол
моркови
Упатства:
Пиперчињата и доматите ќе се засечат по малку, а карфиолоот ќе се дели на цветови. Морковите да се исчистат, а пoтоа се добро да се измие и да се редат во тегли наизменично од сите наведени зеленчуци. Солилoто се прави на следниот начин:
10 литри вода
20 гр. винобран
10 гр. натриум бензоикум
250 тр. ексенција
400 тр. сол
Сите овие продукти ќе се измешаат и ќе се налијат наредените тегли. Доколку недостасува од течнoста се прави сразмерна мерка од истите состави. Се поврзуваат теглите и се оставаат кај останатата зимница.
Време потребно за подготовка: 240 минути
<< Сокриј го рецептот
Кечап >
Сосотојки:
5 кгр. домати
125 гp. винска киселина
125 гр. масло
125 гр. шекер
4-5 гранчиња керевис
1 главица лук
1/2 кесички црн пипер
4 дафинови листа
сол по вкус
Упатства:
Доматите измијте ги и сомелете ги на машина. Варете ги 1 час, а потоа додадете ги oцетот, маслото, шекерот, сецканиот керевис, сецканиот лук, црниот пипер, дафиновиот лист и посолете, а потоа варете гo кечапот уште 2 часа. Сипете го во тoлли тетли или шишиња, завиткајте ги во топло и оставете ги до утредента да се оладат кога ќе ги ставите кај останатата зимница.
Време потребно за подготовка: 360 минути
<< Сокриј го рецептот