49 - 60 рецепти од 60 | Страница: | 1 | << | ... | 3 | 4 | 5 |
Лутеница >
Сосотојки:
7 кгр. црвени пиперки
5 кгр. домати
500 гр. масло
400 гр. оцет
250 гр. шеќер
1 рака сол
2 главици лук
100 гр. фиферони
1 китка магданос
Упатства:
Измијте ги пиперките, извадете го семето и испечете ги. Излупети ги и ставете ги да се цедат. Доматите попарете ги со врела вода и излупете ги, а потоа изрендајде ги во поголем сад. Веднаш ставете го маслото, шеќерот, оцетот, солта и ставете го садот на оган да се вари. Од како ќе почне да врие треба 1,1/2 час да се вари. После тоа додајте ги пиперките кои во меryвреме сте ги исцепкале по должина. Пржете го сето тоа уште 1/2 час. На крај ставете дел од фиферонките сечкани а еден дел цели, магданос, и лукот кој е сечкан по должина. Со ова треба да се пржи уште 10 минути. Врела лутеница се става во толли тегли, се затвора добро се виткаат теглите и се остава да стојат 24 часа а потоа се редат кај останатата зимница.
Време потребно за подготовка: 360 минути
<< Сокриј го рецептот
Ајвар >
Сосотојки:
100 црвени пиперки (што „помеснати“ - тоа подобро)
400 мл. зејтин
2-3 лажици вински оцет (може и обичен)
сол (по желба)
Упатства:
Подготвување
Пиперките треба да се измијат, избришат и испечат. Печените пиперки се ставаат во метален сад (може и најлонска кеса) и се покриваат со капак, за да се „спарат“ и потоа полесно да се лупат. Штом ќе се оладат, се лупат и им се вадат семчињата и дршките. Се ставаат во мрежеста вреќа и се закачуваат на некое место каде ќе можат да се цедат до следниот ден...
Следниот ден се мелат во машина за месо и се ставаат во големо и широко тенџере, претходно премачкано со малку зејтин. Останатиот зејтин треба добро да се загрее, а потоа со него да се прелијат мелените пиперки. Пиперките така прелеани со зејтин и покриени со капак, треба да отстојат 15 минути.
Потоа тенџерето се става на оган и се започнува со пржењето на ајварот.
Ајварот се пржи на висока температура, со постојано мешање и тоа околу два часа од моментот кога ќе зоврие. Кога со дрвената лажица поминувате низ смесата и останува широка видлива трага – тоа Ви е доказ дека ајварот е готов.
Кога е готов, се трга од огнот и се додаваат оцетот и солта. Откако добро ќе се промеша, додека е уште врел се сипува во врели, стерилизирани тегли (во рерна, околу 30 минути на 100 °C). При полнењето внимавајте да има празен простор од околу 1 сантиметар до врвот на теглата. Теглите, наполнети, вратете ги во рерна (100 °C) уште два часа.
Кога ќе ги извадите, врз ајварот налејте уште по малку зејтин, затворете ги теглите со стерилизирани херметички (или други) капачиња, убаво завиткајте ги во некоја ткаенина (на пр. ќебе) и оставете ги да „отседат“ до следниот ден. Следниот ден ставете ги теглите со ајвар да се чуваат на суво и темно место.
Време потребно за подготовка: 480 минути
<< Сокриј го рецептот
Кукурек >
Сосотојки:
4 комплета јагнешки цревца со шкембе
масло
буковска црвена сол
сол
Упатства:
Исчистете го шкембето со врела вода и измијте гo убаво. Измијте ги цревцата од надворешна страна добро, а потоа сo стапче превртете ги. И нив измијте ги добро и исечете ги на парчиња околу 2 М. долги. Исечете го шкембето на долгнавести парчиња во толку броја колку што има цревца. Земете едно парче од шкембето и обмотајте го со црево. Напpaвeтe така и ставето ги вo тавче. Посoлете го, налејте ги со масло, буковска сол, црн пипер и ставете ги во рерна да се печат. Се служат со зелена салата.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Турска пица >
Сосотојки:
За тесто:
* 350 г пченично брашно тип 550
* 7 г сув квасец
* 1 лажичка сол
* 1 лажичка шеќер
* 200 мл топла вода
* 1 лажица маслиново масло
За фил:
* 1 голем домат (200 г)
* 120 г кромид
* 250 г жолти пиперки
* 250 г мелено говедско месо
* 1/2 лажица вегета пикантна
* 3 лажици маслиново масло
* сол
* бибер
* Ким
* сирење (200 гр)
Упатства:
Од наведените состојки направете меко тесто. Оставете го на топло место околу половина час да нарасне.
На доматот отстранете му ја кожата и исечете го на коцки.
Кромидот исечете го на тенки парчиња, а исто така и пиперките.
Комбинираат состојки се соединуваат со месото а во смесата се додава пикантната вегета, маслиново масло, сол, бибер и Ким.
Поделете го тестото на 4 еднакви делови. На секој дел од тестото ставете рендано сирење и една четвртина од смесата со меленото месо.
Печете ги во претходно загреана рерна на 180 ° C околу 30-35 минути.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Орада во сол >
Сосотојки:
1,6кг орада
2,5кг крупна сол
4 белки од јајца
Упатства:
Изматете ги белките со миксер и додајте ги во солта.
Промешајте ја смесата и еден дел ставете на дното од тава за печење.
Добро исчистете ја орадата и ставете ја врз смесата од сол и белки.
Прекријте ја рибата со останатиот дел од смесата од сол и белки.
Печете околу 25 минути на температура од 200°C.
Пред да ја послужите рибата, скршете ја обвивката од сол, одвојте ги кожата, коските и главата и сервирајте исчистено месо. Како гарнир може да се послужат компири или друг вид зеленчук.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Велигденска плетенка >
Сосотојки:
500 г. Брашно
100 г. Шеќер
приближно 2,4 дл. Млеко
1 јајце
100 г. Суво грозје
50 г.кандирана кора од портокал
50 г. Квасец
1 ванилин шеќер
малку сол
малку путер за печење и премачкување
Упатства:
Предподготовка
Брашното го ставаме во поголем сад. Во средината правиме дупка, во која ставаме квасец. Истураме млако млеко, додаваме малку шеќер, сето заедно добро го замесуваме. Го покриваме со крпа и го поставуваме на топло место да се крене.
Сувото грозје го миеме со топла вода и добро го цедиме. Кандираната кора од портокал ситно ја сецкаме. Земаме округло тавче и го премачкуваме со путер.
Подготовка
Го топиме путерот и го оставаме малку да се излади. Го истураме во смесата. Го додаваме остатокот од шеќерот, ванилиниот шеќер и солта, потоа го месиме тестото. Додаваме суво грозје и сецкана кандирана кора од портокал. Се заедно повторно месиме додека не се изедначи смесата и не се одвојува лесно од садот за месење. Го покриваме со крпа и повторно го оставаме на топло место околу 30 минути за да нарасне.
Тестото го ставаме на површина на која претходно сме наросиле брашно. Го делиме на два дела, од кои формираме две ролни, дебели околу пет сантиметри (тестото, може да го поделиме и на 3 дела за формирање на 3 ролни). Од нив правиме плетенка и ја сместуваме во подмачкана тава. Двата краја на плетенката ги спојуваме, за да добиеме форма на венец. Во делови на плетенката каде може да се направат мали отвори вметнуваме парчиња на лушпи од јајце. Ја покриваме плетенката и оставаме 15 минути да порасне
Надојдената плетенка, ја премачкуваме со стопен путер (или јајце) и ја ставаме во загреана рерна до 200 ° C да се пече околу 45 минути.
Сервирање
Печената плетенка ја вадиме од рерна и ја поставуваме на тркалезна чинија за сервирање. Ја оставаме да се излади, потоа празните луши од јајце ги заменување со бојадисани Велигденски јајца. Печената плетенка може да се сервира млака или ладна. Велигденската плетенка е вкусна и воедно ја разубавува секоја празнична трпеза.
Време потребно за подготовка: 110 минути
<< Сокриј го рецептот
Карамелизирани пуканки >
Сосотојки:
100 гр. царевка за пуканки
100 гр. јаворов сируп
100 гр. мед
150 гр. смеѓ шеќер
180 мл. млеко
30 гр. путер
1 лажица екстракт од ванила
? лажица сода бикарбона
Упатства:
Измешајте ги: јаворовиот сируп, медот, шеќерот, млекото, ванилата и путерот и ставете ги на тивок оган. Не е потребно да мешате без престан, но мешајте често. Варете додека смесата не добие боја на карамел и додека не почувствувате дека почнала да се згуснува. Смесата доста се пени додека се вари, па можете за момент да ја тргнете од оган за да ја проверите густината.
Тргнете го карамелот од оган и додадете соса бикарбона. Смесата ќе се запени и осветли.
Карамелот ставете го во садот со направените пуканки. Истресете ги на плех обложен со хартија за печење и раширете ги колку што можете. Ставете ги во плех и од 8-10 минути ставете ги во загреана рерна на 180 степени. Оставете ги да се изладат и исушат на воздух.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Празнични соленки >
Сосотојки:
1/2 кгр. брашно
1/2 маргарин кристал
1 филџан масло
100 гр. рендано сирење
1 лажиче сол
сусам
Упатства:
Се ставаат во длабок сад сите состојки. Тестото се соединува со подолготрајно месење. Се остава во фрижидер 4 часа.
Се сучи подебела кора и се вадат форми. Соленките се мачкаат со жолчка и им се става сусам. Се печат.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Слатки кифлички со ореви >
Сосотојки:
• 250 гр шеќер
• 250 гр мелени ореви
• 2 пакетчиња ванилин шеќер
• 200 гр омекнат путер
• 2 јајца
• 5 чаши брашно
• џем или крем по желба
• шеќер во прав
Упатства:
Подготовка:
Во длабок сад измешајте го путерот со јајцата и шеќерот. Кон нив додадете го постепено брашното, мелените ореви и ванилиниот шеќер. Замесете тесто кое не треба да биде многу лепливо, по потреба додадете уште брашно.
Тестото расукајте го на набрашнета површина во облик на круг. Исечете го 4 пати кругот и ќе добиете 8 триаголници. На секој од нив, ставете по една лажичка крем или џем по избор. Завиткајте ги како кифлички и ставете ги во плех претходно обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180°Ц, 15 минути. Пред да ги сервирате, по желба може да посипете со шеќер во прав.
Уживајте во готвењето!
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Мантии >
Сосотојки:
1 кгр. брашно
2 лажички сол
550 мл. млака вода
Фил:
2 главици кромид
1/2 мелено месо
бибер
сол
200 гр. путер
1 чаша масло
Упатства:
Замесете средно тврдо тесто од брашно, сол и млака вода. Тестото поделете го на 4 дела. Од секој дел направете мазни топчиња. Оставете го тестото да се одмори околу 30 минути во зависност од квалитетот на брашното. Тестото покријте го со крпа.
Од секое топче исучете кора, додека убаво не се истанчи и притоа прскајте ја со масло.Потоа преклопете ја на сите 4 страни да добиете коцка. Преклопете ја прво едната страна, па другата страна и повторно попрскајте со масло. Повторете го истото со третата и четвртата страна.
Добиената коцка исечете ја на ленти, а секоја лента на коцки. На секоја коцка ставете фил. Потоа повлечете го секое ќоше и преклопете го со фил. Така се добива мантија. Повторете ја постапката со останатото тесто.
Наредете ги мантиите во тепсија. Добро преачкајте ги со растопен путер и печете ги на 250 C додека ќе се зацрвенат.
Фил: Испржете две големи главици кромид на малку масло, па додадете половина килограм мелено месо. Додадете сол и бибер, па потоа се убаво измешајте
Доколку сакате да ја дознаете постапката на правење мантии преку слики, испратете mail на glaven.urednik@ringeraja.mk
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Ѓомлезе >
Сосотојки:
• 100 милилитри Масло
• 2000 милилитри Вода
• 1500 грама Брашно
• 1 Јајца/це
• малку Сол
Упатства:
Ги мешаме брашното и водата со миксер.
Од прилика треба да добиеме каша слична како кашата за палачинки. Кога ќе ја добиеме потребната каша посолуваме ( и ги додаваме јајцата ако веќе ѓомлезето го правиме со јајца).
Земаме тепсија и ја мачкаме со масло. Над маслото ставаме каша (потенок слој).
Вака приготвената тепсија ја ставаме во рерна (доколку немаме вршник). Цело време треба да бидеме во близина на рерната за да гледаме кога ќе биде готов слојот од кашата (кога ќе поцрвени знајте дека е готов)
Од како ќе поцрвени кашата ја вадиме тепсијата, над веќе печениот слој ставаме масло и повторно слој од каша. Ова го повторуваме се додека не ја потрошиме цела каша
Рецептов е напишан за правење ѓомлезе во рерна.. ама ѓомлезе се прави под вршник (сач)
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Љубовна торта >
Сосотојки:
За тесто:
- 10 гускини јајца
- 2 лажици сол
- 18 лажици пченкарно брашно
- 1 лажица сода бикарбона
- 3 лажици сенф
- 2 чаши варова вода
За фил:
- 100 грама шампињони
- 1 главица кромид
- 1 страк праз
- 3 лажици мармалад
- пудинг од ванила
- 150 грама непечени кикиритки
- 1 лажица сало
Упатства:
Се матат јајцата со солта, им се додава брашното, содата, варовата вода и сенфот. Се пече на температура од 100 C.
Ситно се сецкаат празот и кромидот, им се додаваат сецканите шампињони и непечените кикиритки. Се пржат околу 2 часа на силен оган.
Се вари пудинг во 1 литар млеко и се додава сол.
Се соединуваат двата делови од филот.
Тортата се украсува со маслинки и кисели краставички.
Со овој вкусен десерт Ви предлагаме да се напиете 1 чаша јаболков оцет.
АПРИЛИЛИЛИИИИИИИ. Среќен ден на шегата! :)
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот